Легендарна железничка станица станува луксузен хотел

Некогашната грандиозна железничка станица во Канфранк, или позната како „Титаник на планина“, која пропадна по пожар и оштетување на пругата за време на војната, ќе стане луксузен хотел.

Станицата ќе добие „нов живот“ како хотел со пет ѕвездички, 51 година по затворањето на меѓународната железничка врска преку Пиринеите.

Приказната за Канфранк, село на 1000 и нешто метри надморска височина на француско-шпанската граница, е приказна за преголеми амбиции и неуспех, околу неспособност, корупција, шверц, лоша среќа низ неколку векови.

Шпанија сакала да покаже дека е способна да изгради нешто како „железничка катедрала во Европа“.

„До моменетот кога е изградено, зданието веќе припаѓало на 19 век“, рече Алфонсо Марко, автор на книгата „Ел Канфранк“.

Проблемот е што била смислена во 1853, а завршена во 1928 година.

Околу станицата се изредени многу митови и легенди.

Сега има нова надеж, односно да стане хотел со 104 соби. Буџетот изнесува 27 милиони евра, од кои 12 милиони ќе бидат искористени за поправање на пругата и развој на околината. Фасадата ќе биде сочувана, но зад постоечката ќе се гради нова страница во која ќе се влегува низ хотелското фоаје. Комплексот ќе има и 200 места, железнички музеј, продавници…

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното