Легендарниот Чак Норис дојде во Унгарија: Виктор Орбан го доби најјакото засилување на светот!

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави на својот Фејсбук профил фотографија на која позира со својата елитна единица, а посебно внимание привлече фотографија на која е со легендарниот американски актер Чак Норис.

Освен фотографијата со познатиот актер, унгарскиот премиер објави видео снимка како се гушкаат, а потоа и Орбан го возеше актерот.

Во описот на видеото Орбан напиша „Ренџери“.

Унгарските медиуми се пошегуваа со овие објави на Орбан и се прашуваат кој тука се сликал со кого, дали Виктор Орбан со Чак Норис или Чак Норис со Виктор Орбан.

 

Извор: Сител