Програмерите немаат никаков проблем да најдат добро платена работа. Речиси и да не поминува ден без да се објави оглас за вработување девелопери и инженери.
Доколку сакате професионално да се пренасочите во ИТ индустријата, еден од првите чекори е добро да се совлада програмскиот јазик.
PHP е еден од најпопуларните програмски јазици.
Овој програмски јазик е клучен елемент за изработка на динамична веб страна и веб апликација. Всушност, тој има голема моќ е и основна на сајтови како што се Facebook, Wikipedia, Yahoo и милиони други.
Секој што ќе го совлада ова може да очекува почеток на успешна кариера.
PHP е добар за почетници, а светските сертификати многу помагаат.
Меѓудругото ова се професиите кои исто така се добро платени во Македонија:
Во воздухопловен транспорт просекот е 52.076 денари, во секторот финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови земаат просечна плата од 50.454 денари, во дејности за санација и останати услуги за управување со отпад платите се 44.712 денари. Вработените во секторот производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати земаат во просек по 43.361 денари.
Просечна месечна нето-плата во мај изнесува 24.509 денари, објави Државниот завод за статистика. Индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај во споредба со претходната година изнесува 107,1, а се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите: објекти за сместување и сервисни дејности со храна (23,1 %), финансиски дејности и дејности на осигурување (17,4 %) и информации и комуникации (15,3 %).