Летните афери се многу чести и не се безопасни: Еве зошто мажите се впуштаат со нив, а зошто жените

Луѓето најчесто изневеруваат во лето, а најголемата грешка е да се претпостави дека аферата која нема да се дознае не може да и наштети на врската бидејќи сепак го менува начинот на кој тие ја доживуваат врската…

Летното време и високите температури, како и оскудната облека, имаат големо влијание врз хормоните, а тоа е една од причините поради која луѓето се повеќе склони кон авантури, промискуитетно однесување и изневерување на постојаниот партнер.

– Летото е најсензуалното годишно време кога ја истакнуваме нашата еротика и повеќе заведуваме или сме поспремни да бидеме заведени од другите – вели сексуалниот терапевт Патрик Ванис.

Тој тврди дека мажите се поподложни на летните предизвици, бидејќи сексуално ги возбудуваат првенствено визуелните дразби, како што се мини здолништа, тесни фустани, бикини или деколтирани маички на жените.

Патрик Ванис смета дека најдобриот совет за да се избегне фатална летна атракција или дружење за една ноќ што може да ја загрози квалитетната врска или брак е да ги избегнете можностите тоа да се случи.

– Летото често дава многу можности за изневерување, особено ако партнерите одат на одделни викенди или патуваат на места каде што никој не ги знае – вели Рут Хјустон, авторка на книгата „Дали те изневерува?“.

Што те привлекува најмногу?

Најголемата причина зошто мажот ќе се впушти во летна афера е сексот и само сексот, па најчесто ќе ги привлекуваат слободоумни жени кои им изгледаат забавно и пред се привлечно. Тоа се обично жени кои се многу помлади од нив, објаснува Хјустон.

Жените, пак, ако изневерат, ќе изберат некој кој е постар од нив. Најчесто тие не влегуваат во врска со намера да изневерат, но ако создадат романтична приказна со непозната личност која се труди околу нив, ја опсипува со внимание и комплименти додека нивниот партнер ретко го прави тоа, постои големи се шансите да се вклучат во афера.

Прашање: Што сега?

Измамниците често претпоставуваат дека летните афери не и штетат на врската, особено ако се краткотрајни и ограничени само на секс. Но, дури и кај оние кои немаат каење, евидентни се промените во однесувањето и размислувањето за врската во која се наоѓаат.

Им се наметнуваат споредби, како и идеализирање на задоволството што го доживеале, поради што секојдневието со партнерот изгледа досадно и неинтересно.

Ако, пак, измамениот маж успее да најде докази за неверство, предизвиканата штета станува трајна и довербата е скршена, па малку парови успеваат да ја преживеат измамата. Затоа, смета Хјустон, незнаењето понекогаш е благослов, особено ако оној што изневерил нема намера да го повтори тоа и е свесен за своите грешки.