Локални избори во време на кризна состојба – Божиновски: Ќе има масовни собири, ќе се влоши состојбата

Предвремените локални избори во Штип и Пласница треба да се одржат во период кога државата прогласи кризна состојба на цела територија. Како ќе се реализираат овие избори кога корона вирусот се шири рапидно? Од ДИК велат дека се подготвени според здравствени протоколи да реализираат избори во овие две општини.

„Вчера беше жрепката за билбордите, утре почнува изборната кампања, денеска ја затвораме изборната листа итн, така како што се предвидени законските рокови врз основа на изборниот законик и роковникот, ние ги преземаме сите активности. Ние како ДИК ги преземаме сите мерки во однос на здравјето, пред се на граѓаните, гласачите а исто така и на изборните органи.“, рече Дитмире Шеху, потпретседател на ДИК.

Според аналитичарот Владимир Божиновски избори во период на кризна состојба, нема да го дадат потребниот импакт. Божиновски смета дека вршителите на должност можат да менаџираат со општините до септември следната година за кога се предвидени редовните локални избори.

Според Божиновски состојбата со вирусот може да се влоши бидејќи за избори вообичаено има масовни собири.

Инаку во Штип од почетокот на пандемијата регистрирани се вкупно 2296 позитивни случаи на корона вирус а во моментов има 502 активни случаи. Во Кичево каде припаѓа Пласница, до сега се регистрирани 1023 случаи а во моментов заразени се 426 граѓани. Владата на РСМ синоќа ја одржа 22 седница со цел да започне постапка согласно препораките на Советот за безбедност за прогласување кризна состојба на цела територија, како што се вели, со цел успешно справување со последиците од ковид кризата.

.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното