Судскиот совет ќе ја донесе конечната одлука за одговорноста на трите судијки од скопска Апелација, кои постапуваа во случајот „Телеком“, дури по завршувањето на локалните избори. Оваа одлука за одложување е формализирана преку заклучок донесен од Советот, со што се става на чекање разрешницата на еден од најекспонираните судски случаи во јавноста.
По претходно испратеното прашање за динамиката на постапување, Судскиот совет ни достави официјален одговор во кој ја образложува причината за одложувањето.
„Во врска со Вашето прашање Ве известуваме дека по однос на постапките на утврдување на одговорност на судија, како и за конкретната постапка на која се однесува прашањето Судскиот совет ќе постапува и одлучува по завршување на локалните избори, во оваа насока Судскиот совет донесе и Заклучок кој е објавен на веб страна на Советот“, се вели во одговорот.
Со ова се разјаснува дека финалната фаза од постапката нема да се одвива во наредниот период. Оваа постапка следува откако Врховниот суд неодамна одлучи по жалбите на апелациските судијки Наташа Савовска Димитровска, Роза Георгиева и Јетмире Ајдини Бошњаку, и ги врати предметите на конечно одлучување во Судскиот совет.
Првичната одлука на Советот беше разрешување за Савовска Димитровска и Георгиева и парична казна за Ајдини Бошњаку, поради утврдени низа неправилности при носењето на пресудата со која „Македонски телеком“ требаше да исплати отштета од четири милиони евра на фирмата „Фокуснет“.
Паралелно, целиот случај е под лупа и на Основното јавно обвинителство, кое води предистражна постапка и има издејствувано судски мерки за привремено запирање на финансиски трансакции поврзани со случајот.
Читај и ова:
- 1.Филипче: Зошто се плашиш Мицкоски од независно судство, затоа што нема да имаш контрола?
- 2.Го славиме Свети Јован Богослов, апостол и евангелист
- 3.Дневен хороскоп – четврток – 9 октомври 2025 година
- 4.Финансиските друштва со рекордни 150 милиони евра кредити кон населението
- 5.Израел и Хамас ја потпишаа првата фаза од планот – Трамп: Ова е невидено, знаеме што следи