Кола-пијалаците имаат доста добар вкус, но тука завршуваат сите нивни добри страни. Оние лошите се побројни.
Содржат фосфорна киселина. Таа ги ослабува коските и ги нагризува забите.
Прекумерната употреба на вештачките засладувачи се причина за да сакате уште повеќе.
Содржат вештачка боја на карамела. Таа нема вкус и е канцерогена.
Во диеталните Кола-пијалаци се среќава канцерогениот формалдехид. Не се додава при производството, но кога се вари аспартамот, состојка која ја има во неа, тој ослободува метанол, кој понатаму се претвора во формалдехид.
Засладени се со високофруктозен сируп од пченка којшто прво ќе ви го покачи холестеролот, триглицеридите и процентот на масти во телото, па уште и ќе ве направи гладни.
Кога натриум бензоатот влегува во телото може да биде разложен на бензен. Тој, пак, кога е изложен на сонце станува канцероген.
На крај, прехранбените бои можат да ја намалат работата на мозокот, да предизвикаат проблеми со концентрацијата и хиперактивност.