Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска преку својот Фејсбук профил информираше дека тестот за коронавирус го направила откако дознала дека Мухамед Зекири бил позитивен, ги отфрла шпекулациите пласирани во дел од медиумите дека таа тестот го направила пред работата посета во Куманово.
„Строго ги демантирам дезинформациите кои излегоа во јавност дека тестирањето за коронавирус сум го направила пред вчерашната теренска посета во Куманово. Резултатите од епидемиолошката анкета од другарот Мухамед ги добивме вчера вечер (недела, 31 мај), по што бев тестирана пред 20:00 часот. Од моментот кога ме контактираа епидемиолозите не сум го напуштила својот дом“, напиша Лукаревска.
Додава дека денеска пристигнале и резултатите за нејзините родители кои биле негативни на тестовите.
„Исто така сакам да истакнам дека во секој момент од посетата во Куманово ги почитував сите заштитни мерки. Сакам едно нешто да биде јасно – прво како човек, а потоа како јавен функционер никогаш на никој не би го загрозила јавното здравје“, додава Лукаревска.
.