Маја Мојсоска именувана за ВД директорка на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“

Маја Мојсоска е именувана за вршител на должност директор на Националната установа Центар за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, покажуваат податоците од Централниот регистар на Република Северна Македонија.

Одлуката е донесена со решение на Министерството за култура и туризам од 4 декември 2025 година, а промената е официјално регистрирана еден ден подоцна, на 5 декември.

Со оваа одлука престанува мандатот на досегашната ВД директорка Розе Танческа, чии податоци се избришани од евиденцијата на Централниот регистар.

Маја Мојсоска е родена на 26.10.1978 година во Струга.

Дипломирала на Филолошкиот факултет ,,Блаже Конески” – Скопје и веќе 20 години работи во образование како наставник по македонски јазик.

Активен член на партијата е од 2005 година.

Покрај повеќето активности, од 2018 година е претседател на Комисијата за образование и наука на ОК ВМРО-ДПМНЕ Струга.