Сообраќајната полиција во Прокупље запрела државјанин на Македонија кој се движел со брзина од 176 километри на час.
Припадници на МВР во Прокупље при радарска контрола кај Блаце запреле триесет и седумгодишен државјанин на Македонија кој управувал автомобил „бентли“ со брзина од 176 километри на час.
Со таа брзина непрописно се движел на делот од патот надвор од населбата каде границата е 80 километри на час.
Против возачот е поднесена соодветна прекршочна пријава.