Македонец по вторпат седнува на градоначалничката фотеља во германскиот град Херинген

Се чини дека странските земји се „ветената земја“ за Македонците кога станува збор за работа и живот во странство, па така имаме успешни Македонци насекаде низ државите.

Таков пример е и Македонецот Даниел Илиев, кој од 1 јули го започнува својот втор шестгодишен мандат како градоначалник на германскиот град Херинген.

Се вчитува...

На 25 мај годинава Илиев положи заклетва за втор мандат, откако на 6 март освои 85.4% од гласовите. На крајот од најновата седница на градскиот парламент во градското собрание, првиот човек на градскиот совет Алфред Рост повторно го задолжи Илиев совесно да си ги извршува обврските и му положи закл етва.

Првиот градски советник Јоханес Бaјер го предаде уверението за именување. Градските советници претходно едногласно го прогласија за валиден резултатот од гласањето во март.

По церемонијата, Илиев ги презентираше проектите што беа започнати во изминатите шест години.

За Илиев е познато дека е роден во Херингер, има 38 години и жителите на Херинген по вторпат му даваат поддршка да биде прв човек на градот.

Во 2004 година дипломирал на Werratalschule. Од 2004 до 2011 година магистрирал политички науки, јужнославистика, економска и социјална историја и економија на Универзитетот Фридрих Шилер во Јена.

Од 2008 до 2009 година Илиев студирал и политички науки на Универзитетот Пантеон во Атина. Илиев е самец и нема деца. Неговото хоби се читање кримин алистички романи, играње фудбал, пишување и политика.

„Јас сум член на СПД од 2006 година и потекнувам од работничко семејство. Така што не кријам дека сум близок со социјалдемократијата“, објаснува Илиев.

„Партиската припадност е ирелевантна во локалната политика. Како градоначалник, јас сум тука за сите луѓе за кои сакам да го постигнам најдоброто“, изјави тој во една прилика за германски сајт.

Инаку, Херинген е мал град со нешто над 7.000 жители, а се наоѓа во сојузната држава Хесе, во селската околија Херсфелд-Ротенбург.