Македонски државјанин денеска е приведен во Албанија откако се обидел да транспортира нелегални мигранти во Италија.
Во полициското соопштение стои дека за време на контрола на патниот правец Кашар-Тумане, двајца нелегални мигранти биле пронајдени во автомобилот на Ј.Н. (41) државјанин на Северна Македонија.
Според информациите, тој бил приведен на лице место, а за случајот е спроведена и истрага која покажала дека тој се обидел да ги пренесе мигрантите во Италија, за износ од 2.500 евра по лице.
Исто така, во случајот осомничен е и М.А. (33) албански државјанин од Драч по кого се трага.
Во соработка со Обвинителството, истрагата продолжува за идентификување и доведување пред кривична одговорност на други граѓани кои евентуално биле вклучени во овој случај.
Процедуралните материјали се упатени до Обвинителството во Тирана за понатамошно постапување.
