Македонец тешко повреден во објект во Истра

57-годишен државјанин на Северна Македонија е тешко повреден во Рaпак ноќта помеѓу неделата и понеделникот, 29 септември, околу 1:30 часот. Инцидентот се случил во туристички објект, соопшти Полициската управа на Истра.

На повредениот му е укажана медицинска помош во Општата болница во Пула, каде што му се констатирани тешки телесни повреди, поради што е задржан на понатамошно лекување.

Полициската истрага е во тек

Полициските службеници преземаат сите потребни мерки и дејствија за да ги утврдат сите околности на овој настан и да расветлат како е повреден мажот.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.