Албанската полиција соопшти дека синоќа е приведен 36-годишен државјанин на Северна Македонија, по кого била распишана меѓународна потерница за издржување затворска казна од две години поради кривично дело „фалсификување монети“, изречена од Основниот суд во Куманово.
Од Дирекцијата за специјални оперативни сили информираат дека лицето Н.С. било уапсено во рамки на координирана акција за лоцирање и притворање лица баран по меѓународни потерници.
Покрај тоа, албанските власти го барале Н.С. и за кражба извршена во пристанишниот град Драч, наведуваат полицијата во соопштението.
Интерпол Тирана, во соработка со институциите во Северна Македонија, ќе ги преземе понатамошните постапки за неговата екстрадиција.