Северна Македонија се позиционираше како водечки добавувач на зеленчук за Украина во 2025 година. Според најновите податоци на украинската царина, увозот на таканаречениот „борш сет“ (зеленчук потребен за традиционалната чорба) скокнал за вртоглави 85% во споредба со 2024 година, достигнувајќи вредност од 102,4 милиони долари.
Македонските земјоделци доминираат во две клучни категории – зелка и коренести плодови (моркови, цвекло), каде што држат над 30% од вкупниот увоз во Украина.
Македонската зелка и моркови – број 1 во Украина
Статистиката покажува драстичен раст на побарувачката, при што Македонија е на врвот на листата добавувачи:
- Зелка: Увозот на зелка во Украина пораснал за 93,2%, достигнувајќи 48.410 тони со вредност од 44,90 милиони долари. Главни добавувачи се Северна Македонија со 31,29%, следена од Полска (24,05%) и Холандија (13,79%).
- Моркови и цвекло: Уште поголем „бум“ има кај морковите, цвеклото и целерот. Увозот скокнал за 5,5 пати (43.950 тони), а трошоците се зголемиле за 4,6 пати на 27,79 милиони долари. И тука Северна Македонија е лидер со 31,29%, повторно пред Полска и Холандија.
Раст и кај кромидот, но од други пазари
За разлика од другите зеленчуци, кај кромидот Македонија не е меѓу главните играчи. Украина увезла 23.160 тони кромид (раст од 3,2%), плаќајќи 29,71 милиони долари. Тука доминираат Холандија (34,22%), Кина (29,68%) и Египет (12,89%).
