Балкан

Македонија ќе купува гас од Србија, со него ќе произведува струја, па ќе ја продава во Србија

Македонија ќе купува гас од Србија, со него ќе произведува струја, па ќе ја продава во Србија

На новинарско прашање околу договорите со соседна Република Србија за набавка на дополнителни количества на гас, од Владата рекоа дека до крајот на грејната сезона топланите ќе потрошат околу  230 милиони нормални метри кубни на природен гас и дека можниот договор со нашиот северен сосед е со цел да се обезбеди поповолна цена на енергенси за индустријата, како и поповолни цени на топлинската енергија за граѓаните.

Од Владата информираа дека доколку се финализира договорот со купениот гас од соседна Република Србија ќе се произведува електрична енергија, од која дел потоа ќе се продава назад во Србија.

Владиниот соработник за енергетика Виктор Андонов изрази оптимизам дека овој можен договор ќе профункционира и ќе се обезбеди потребно количество енергенси, а доколку не се обезбеди потребното количество гас, електраните имаат резервна опција да работат и на мазут.

Соработникот за енергетика подвлече дека во ваква глобална енергетска криза сите држави преку своите буџети прават напори да дадат целосна поддршка и на граѓани и на индустријата и дека тоа го прават и преку обезбедување пониски цени на енергенсите.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни