Пратеникот од Независни Грци, Танасис Папахристопулос рече дека Македонија и да не постоела требало да биде измислена од нив, потврдувајќи го својот непроменет став околу Договорот од Преспа.
„Се смеат во Европа. Ви го кажувам тоа директно. Дали ПЈРМ е закана за Грција? Се смеат тие што го слушаат. Земја која, речиси нема војска и има 7 отсто од грчкиот БДП. Нејзината поделба ја сакаат за Голема Албанија и Голема Турција. Моето мислење е и да не постоеше ПЈРМ ќе требаше да ја измислиме. Само добро има да и понуди на земјата. А оваа Влада, која ја отфрли можноста за неактивност, има храброст, рече Папахристопулос.