„Македонијо во срце те носиме“: Рекордна посетеност во Тетово, граѓани со македонски знамиња пејат во еден глас!

По Штип, Битола, Велес, Прилеп и Кочани песните од проектот „Македонијо во срце те носиме“ вечерва се пејат во Тетово на Градскиот плоштад.

Според објавените видеа и фотографии може да се каже дека ова е рекордна посетеност.

Граѓаните со знамиња во рацете едногласно пејат “Македонијо во срце те носиме“

На репертоарот и во градот под Шара се сите 12 песни од проектот, а „Заветна“, „Налеј, налеј“, „Народе македонски“, „Едно име имаме“, „Земјо македонска“, „Ој, Вардаре“, „Оган да го гори“, „Послушајте патриоти“, „Ми заплакало село Ваташа“… и овој пат се отпеани од златните грла на Бојана Скендеровски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Марија Спасовска, Мина Блажев, ДНК, Ламбе Алабаковски и Миле Кузмановски.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното