Балкан

Македонските граѓани сметаат дека Србија ни е најголем сојузник

Македонските граѓани сметаат дека Србија ни е најголем сојузник

Вкупно 64,6 отсто од испитаниците сметаат дека Германија е силен политички поддржувач и сојузник, а 66,6 проценти дека е и важен економски партнер на Северна Македонија. Германија заедно со САД се два покарактеристични примери за една континуирана, стабилна доверба во однос на квалитетот на односите што овие земји ги имаат со Северна Македонија.

Во однос на перцепциите за тоа која држава е најголем сојузник на Северна Македонија, 37,4 отсто  сметаат дека тоа е Србија, 24,1 отсто немаат одговор, додека 19,8 отсто сметаат дека тоа се САД. Подолу на табелата на држави-сојузници се наоѓа и Турција (5,8 отсто) и Германија за која 5,4 отсто од испитаниците сметаат дека се најголеми пријатели на Северна Македонија.

Во однос на тоа која држава е најголем непријател на Северна Македонија, 44 проценти од испитаниците сметаат дека е Бугарија, додека 12,1 отсто дека е Русија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни