Македонското знаме повторно развиорено во Ѕвездите на Гранд – Славица Ангелова од Струмица е победник на 16-тата сезона

Победник на „Ѕвезда Гранда“ за сезоната 2022/2023 е Славица Ангелова (21) од Струмица.

По деветмесечна пејачка борба, трудот и напорите на менторите на кандидатите да им го дадат најдоброто за нив, конечно триумфираа најдобрите и тоа според публиката на Славица, која беше во тимот на Ѓорѓе Давид.

Таа во финалната вечер освои 88.367 гласови, додека вицешампионот Драган Ѓуриќ 71.747.

Славица својата музичка кариера ја започна во шоуто „Неки нови клинци“, по неколку години си ја испроба среќата во „Ѕвезда Гранда“ каде што триумфираше.

Оваа 21-годишна Македонка со години пее, а во слободното време сака да патува.

Таа истакна дека е амбициозна и опуштена како нејзини доблести, а нејзината најголема мана е што понекогаш знае да биде и тврдоглава.

Во видеото подолу слушнете ја Славица како пее.

За време на натпреварот неколку пати реагираше менторот на Славица, Ѓоѓа Давид, кој објасни како некои работи сама ги правела и како не го почитувала договорот од пробите, поради што била редовен учесник во баражот. Кандидатот за Гранд откри за што всушност се работи.

– Не би знаелa како да објаснам, ми се случува во моментов. Во текот на целото натпреварување постојано се договараме и секогаш се трудам да го испочитувам тоа што го наведовме на пробата, но понекогаш едноставно ми се случува и знам дека малку ја „зезнам“ ситуацијата. Но, се надевам дека на крајот се е во ред, исто како и овој пат – откри тогаш натпреварувачот.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното