Макрадули: Ќе го подобриме квалитетот на воздухот, за да фатиме чекор со останатите европски развиени држави

Со цел да се поттикне свеста за електромобилноста како дел од мерките за намалување на аерозагадувањето во Скопје ќе се одржа настан „Ден без возила на фосилни горива“.

Иницијативата е покрената од страна на „Прокредит банка“ и поддржана од Министерството за животна средина, општина Карпош, ЕВН, МЕПСО, компанијата „Порше“ како и компании кои имаат сопствено искуство во возење на електрични/хибридни автомобили.

На панел дискусијата која се одржа веднаш по изложбата, се обрати и заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули кој се осврна на фактот дека ова е клучна година во борбата со аерозагадувањето.

„Владата е силно посветена и постојано работи на имплементирање на мерки и подобрување на законите во согласност со реалните европски искуства за да ги подобриме квалитетот на воздухот, состојбата со животната средина, а секако и за да фатиме чекор со останатите европски развиени држави“, изјави Макрадули.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното