Макрон: Аспирацијата на Молдавија за членство во ЕУ е сосема легитимна

Молдавија, која граничи со Украина на исток и со Романија на запад, продолжува со напорите да се приклучи на ЕУ поради стравот да не биде вовлечена во руско-украинскиот конфликт.

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денеска во Кишињев дека напорите на Молдавија да се приклучи на Европската унија се „совршено легитимни“.

Се вчитува...

„Франција ќе помогне да се постигне консензус меѓу членките на ЕУ за барањето на Молдавија да се приклучи на блокот на клучниот состанок на Советот следната недела“, рече Макрон на заедничката прес-конференција со молдавската претседателка Маја Санду.