Секој мировен договор меѓу Русија и Украина мора да вклучува зачувување на територијалниот интегритет на Украина, соопшти денеска Елисејската палата, пренесува АФП.
„Територијалниот интегритет на Украина и нејзините европски аспирации се многу цврсти барања за Европејците“, соопшти кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон, реагирајќи на изјавата на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс дека „двете страни ќе мора да се откажат од дел од територијата што моментално ја контролираат“.