Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека некои европски земји ќе бидат подготвени да имаат мировни сили во Украина како гаранција за безбедноста по потпишувањето на мировниот договор, иако тие нема да бидат испратени на линијата на фронтот.
Макрон, зборувајќи заедно со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, рече дека мировниот договор може да дојде во втора фаза, по, како што рече, „примирје“, пренесе Ројтерс.
Макрон, исто така, рече „дека силата на повторното ангажирање на САД со Русија е извор на несигурност за рускиот претседател Владимир Путин“.