Макрон, Стармер и Мерц во Киев – Ќе побараат од Москва безусловно примирје од 30 дена

Францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц и британскиот премиер Кир Стармер пристигнаа во Киев утрово за да ја изразат заедно со полскиот премиер Доналд Туск својата поддршка за Украина и да побараат од Русија да прифати „целосен и безусловно“ примирје од 30 дена.

Тројцата лидери заедно слегоа од возот што ги однесе од Полска во Киев и треба да се сретнат подоцна денес со украинскиот претседател Володимир Зеленски и Туск.

Посетата на лидерите на Франција, Германија, Велика Британија и Полска симболично одговара на прославите што се одржаа во петокот во Москва по повод 80-годишнината од победата над нацистичка Германија во присуство на рускиот претседател Владимир Путин и околу 20 странски лидери, вклучувајќи го и кинескиот претседател Си Џинпинг.

Макрон, Стармер, Мерц и Туск ќе учествуваат заедно со Зеленски на онлајн конференција со други лидери на „алијансата на добронамерните“, западните земји – главно европски – кои се подготвени да понудат „безбедносни гаранции“ на Украина.

Европските лидери се упатуваат кон Киев охрабрени од апелот на американскиот претседател Доналд Трамп, кој во четвртокот изврши притисок врз Русија да прифати „безусловен 30-дневен прекин на огнот“, додека ѝ се закануваше на Москва со нови санкции доколку одбие.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното