Тие се убави и успешни. Имаат завидни кариери во Холивуд, а по потекло се од Србија и тоа често го истакнуваат.
Мила Јововиќ
Американската актерка и фотомодел – Мила Јововиќ, е родена на 17 декември 1975 година во Киев.
Нејзиниот татко е српскиот лекар Богдан Јововиќ, а мајка и е руската актерка Галина Логинова Јововиќ. Семејството се преселило во Лондон, а во 1981 година во Сакраменто, Калифорнија, кога Мила имала само пет години. Седум месеци подоцна, тие се населиле во Лос Анџелес.
Теодора Ѓуриќ
Таа се појави во филмови како PayDirt, Männerhort, Ebenda, One Hit Wonder. Таа глумеше и во серијата „Полизеируф 110“, но и во бројни реклами и спотови.
Нејзините родители се Срби кои се преселиле во Дизелдорф, каде што е родена Теодора. Таа денес живее во Лос Анџелес, а една од нејзините блиски пријателки е актерката Зита Вас.
Саша Александар
Нејзиното вистинско име е Сузана Дробњаковиќ, а публиката е најпозната по улогата на агентката Кетлин Тод од серијата „Маринци“, како и по филмот „Невозможна мисија 3“ каде го толкуваше ликот на Мелиса Мид. Сузана е во брак од 2007 година со синот на Софија Лорен, режисерот Едоардо Понти.
Стана Катиќ
Таа се прослави прво во серијата „24 часа“, а потоа и во хит серијата „Замок“, во која ја толкува главната улога – детективката Кејт. Таа вежбаше и на филмското платно во филмот „Зрно утеха“, за Џејмс Бонд.
Во една прилика по повод нејзината припадност изјавила: „Моите родители се Срби од Хрватска. Ние се нарекуваме Далматинци затоа што тоа е делот од планетата од кој доаѓаме. Има Срби, Хрвати, па дури и неколку Црногорци во моето семејство“.
Ана Александар
Нејзиното вистинско име е Ана Катарина Стојановиќ, а на 17 години ја напушти Србија, прво во Јужна Африка, а потоа во Лос Анџелес.
По значајните улоги во сериите CSI Miami, CSI New York и Two and a Half Men, таа гостуваше во многу популарната американска серија The Exes. Ана го доби вниманието на тамошната јавност по учеството во серијата Хемија.
Коко Остин
Една од најпопуларните старлети во Америка е атрактивната русокоса Коко Натали Остин, сопруга на американскиот рапер и актер Ајс Ти. Таа пред неколку години на Твитер гордо истакна дека е Србинка и објави слика од нејзините млади денови.
„На оваа слика јас сум бринета и имам 14 години. Мислам дека не личам на Србинка. Инаку, тоа е земјата од која потекнуваат моите предци“ – изјави тогаш Остин.
