Малолетник врзал со лисици соученик и му вперил пластичен пиштол!

Денеска во 10 часот во основното општинско училиште во Велес било пријавено дека ученик со лисици врзал соученик, а му вперил и пластичен пиштол.

Се работи за ученик од шестто одделение.

Според полицијата, веднаш е излезено на терен и од малолетникот бил одземен пиштолот, по што бил предаден на полициски службеници.

„За настанот бил известен јавен обвинител, Центарот за социјални работи Велес и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок. Пиштолот е испратен на вештачење и се чекаат резултатите од постапката“, информираат од СВР Велес.

Директорот на училиштето „Васил Главинов“, Драги Коцевски вели дека тој ги внел во класот и на одморот ги употребил, по што создал паника кај останатите соученици, но и кај дежурниот наставник за време на одморот кој веднаш го информирал директорот и класниот раководител.

„Детето го фрли пиштолот и избега од училиште. Замина дома. Пријавувањето на случката во полиција беше причина што во училишниот двор веднаш пристигнаа полициски службеници. Јас ги повикав неговите родители и службите ја започнаа постапката. Тие се надлежни за нејзино расчистување“, појасни Коцевски.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното