Популарната манекенка и модел Цеце Орешкова Георгиев која пред четири години го промени животниот стил и стана голем вљубеник на коњичкиот спорт сега ужива во уште една исклучително важна животна улога. Убавицата за која луѓето од модниот свет имаат само пофални зборови неодамна стане мајка, а нејзината принцеза доби необично име: Кара Розмари.
Георгиев денес на социјалните мрежи сподели фотографија со ќеркичката Кара Розмари, за која што вели дека е нејзина копија.
Згодната неготинчанка која денес живее во Скопје и е во брак со манекенот Кристијан Георгиев со кого беа во љубовна врска долги години и претходно имаше мноштво фотографии и повеќе фотосесии со својот сопруг, но и со своите љубимци, коњите од нивниот коњички клуб „Енималс“.
Дури уште не породена, среќната мајка откако веќе го знаела полот на бебето, ги сликаше малите бебешки чевлички заедно со своето омилено грло.
Сега, откако се породи, Цеце реши да направи неколку фотографии заедно со својата мала принцеза и нејзините љубимци. Секако, во прв план овој пат не беше манекенката, туку нејзината мала кукличка Кара Розмари и нејзиниот љубимец, грлото Чарли од коњичкиот клуб „Енималс“.
Но љубовта колку и да е голема е една, па по се изгледа на расното грло му беше тешко да ја спознае, односно да ја дели со друг? Или можеби само на Цеце, на која мајчинскиот инстикт сега и е многу поизразен, за момент така и се причини, кога Чарли се обиде да биде „поблизок“ со својата газдарица… Како што тоа го правеше порано!
Или и тој својата љубов, освен со газдарицата, само сакаше да ја сподели и со малата принцеза?
„Љубов или љубомора“ – напиша Цеце покрај фотографијата која ја постираше на социјалните мрежи каде таа, нејзината малечка ќеркичка и нејзиниот љубимец Чарли заедно споделуваат емоции!