Марин Ле Пен прогласена за виновна, пресудата може да и ја уништи политичката кариера

Француската политичарка Марин Ле Пен е прогласена за виновна за незаконско користење на европските фондови за финансирање на нејзината крајнодесничарска партија Национален собир. Судијата се уште не ја соопшти висината на казната, во моментов се чита пресудата.

Обвинителите минатата година предложија казната за Ле Пен да не биде само парична казна – 300.000 евра – и затвор, туку и да и се забрани пет години да се кандидира за јавна функција.

Клучното е што тие побараа забраната да стапи во сила веднаш, наместо да се одложи до правосилноста на пресудата, во случај Ле Пен да поднесе жалба, што се очекува.

Ова би ги уништило нејзините шанси да се кандидира на претседателските избори во 2027 година.

Ле Пен, заедно со повеќе од 20 високи функционери на нејзината партија, беше обвинета дека вработувала помошници кои всушност работеле за потребите на партијата, а не за Европскиот парламент, кој им плаќал.

За време на нејзиното судење минатата година, Ле Пен негираше каква било злоупотреба, велејќи дека „не направила ни најмала неправилност“.

Читањето на пресудата, кое почна нешто по 10 часот, се очекува да трае до два часа.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното