Марина Арсова се води за исчезната девет години, родителите бараат обнова на истрагата

На 2 јануари 2016, во СВР Штип е пријавено исчезнувањето на 33-годишната Марина Арсова, која на 29 декември 2015 го напуштила својот дом и не се вратила. Пријавата ја поднел нејзиниот сопруг, кој тврдел дека заминала некаде, оставајќи ја и петгодишната ќерка, пишува СДК.мк.

Родителите на Марина изразуваат сомнеж во оваа верзија и бараат обнова на истрагата. Тие со години се прашуваат зошто нивниот зет го пријавил изчезнувањето 4 дена подоцна, без да провери дали е кај нив или кај нејзините роднини или пријателки.

„Сè додека нема некаков доказ потврден со ДНК дека ѝ се случило најлошото истрагата треба да трае, а не да се прекине“, сметаат Цветкови и истовремено бараат во обновената истрага надлежните да бидат поенергични и по една деценија да спроведат ново полиграфско испитување затоа што првичното било контроверзно. „Во изминатите години, повеќе од 50 пати сме биле во надлежните полициски и обвинителски служби кои само ја префрлуваа надлежноста едни на други и почнаа да не нè примаат на разговор со изговор дека тие ја завршиле нивната работа“, велат Цветкови.

Полицијата веднаш започнала обемна истрага, пребарувајќи ја околината и реката Брегалница, но без резултат. Девет години подоцна, Марина сè уште се води како исчезната. Нема конкретни траги, а нејзините родители упорно бараат нова истрага и полиграфско испитување, бидејќи веруваат дека таа е жива.

Мистеријата дополнително ја засилува смртта на свекорот на Марина, кој еден месец по нејзиното исчезнување бил пронајден обесен. Официјално, немало траги на насилство, но соседите сомневаат дека знаел нешто поврзано со исчезнувањето.

Денес, родителите на Марина бараат продолжување на истрагата и правда, верувајќи дека случајот не треба да биде затворен додека не се најде вистината.

Целиот текст ТУКА

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното