Мартин Вучиќ нов директор на „Танец“?

Националната установа за народни игри и песни ансамбл „Танец“ добива нов директор. Како најсериозен кандидат за оваа функција се споменува музичарот и перкусионист Мартин Вучиќ. Тој за Фокус потврдува дека постои можност да застане на чело на институцијата, но додава дека се уште е рано да се коментира на темава зашто ништо не е дефинитивно.

-Јас се пријавив на конкурсот, но резултатите ќе се знаат од понеделник. Министерството ќе ги соопшти, па рано е да коментирам било што – изјави Вучиќ.

Триесет и шест годишниот Вучиќ се занимава со музика уште од најрана возраст. Тој е син на музичарот и ТВ водител Драган Вучиќ и на Весна, ќерка на легендарниот Пеце Атанасовски, изведувач, аранжер и композитор на македонски фолклорни песни. Тој ја претставуваше Македонија на Евровизија во Киев во 2005 година, сними повеќе хитови, а денес е дел од Македонската Филхармонија.

Инаку Мартин пред неколку недели се ожени со неговата долгогодишна девојка Сања. Сликата со младоженците, на својот фејсбук профил ја објави Нора Шаќири, блиска пријателка на семејството Вучиќ.

Чееститки за убавиот настан, се објавуваат и на профилот на Весна Вучиќ, мајката на Мартин, сопруга на познатиот музичар и водител Драган Вучиќ. Мартин и Сања се заедно четири години, а веќе некое време живеат заедно.

Пред седум години, тој одржа успешен концерт во Универзалната сала наречен „Песни за душа“, каде што изведе повеќе традиционални македонски песни. Дел од нив, тој му ги посвети на својот дедо од страна на мајка му, легендарниот музичар на народни инструменти, Пеце Атанасовски. Мартин никогаш не зборувал многу за својот приватен живот.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното