Маскирани демонстранти ја нападнаа полицијата во Атина, тие одговорија со шок бомби и солзавец!

Насилни инциденти се случија попладнево во центарот на Атина.

Имено, откако заврши официјалниот дел од протестот за железничката несреќа, група маскирани демонстранти ја нападнаа полицијата со молотови коктели, предмети.

На ова полицијата одговори со шок бомби и солзавец, а инцидентите се проширија околу поширокиот дел на плоштадот Синтагма и околните улици.

Дополнително, тие запалија и канти за отпадоци.

Претходно беа пуштени и 57 хартиени фенери во чест на 57 жртви во железничката несреќа кај Темпи која се случи на 28 февруари 2023 година.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното