Масовниот убиец од Цетиње, Ацо Мартиновиќ (45) пред две години беше уапсен поради поседување оружје и закани. Мартиновиќ вчера уби најмалку 12 лица, меѓу кои две деца, а рани четири лица, по што избега. На крајот се самоуби.
„Ова е опасно лице, несовесно, брутално…“, рече министерката за внатрешни работи. Во 2005 година, Мартиновиќ беше осуден на условна казна за насилничко однесување. Во 2022 година бил претресен неговиот дом и била пронајдена воздушна пушка, друго оружје и експлозиви. Мартиновиќ тогаш првостепено беше осуден на три месеци затвор. Не е донесена правосилна пресуда.
Премиерот Милојко Спајиќ изјави дека мора да се заострат казните за оние кои нелегално поседуваат и носат оружје. „Имаме хроничен недостиг од полицајци во сите општини, ќе распишеме тендер за брзо вработување на полицајци без да ја чекаме одлуката на Советот на Европа, а подоцна ќе објасниме“, посочи тој.