Маж почина од срцев удар додека возел во Радовиш, возилото излетало од пат и удрило во столб и во друг автомобил

Вчера во 10.52 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на ул.„8 Септември“ во Радовиш, додека управувал патничко возило „сузуки“ со радовишки регистарски ознаки, на С.Ѓ.(70) од село Воиславци, радовишко, му се слошило и починал, по што со возилото излетало од коловозот и удрило во столб и паркирано патничко возило „форд“.

Лекар од Итна медицинска помош Радовиш констатирал смрт кај возачот, која настанала како последица на срцев удар.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Радовиш.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното