Фармацевтите тврдат дека јадењето тиква може да даде поттик во кревет.
Тиквата е многу вкусна, есенска храна, која е богата со хранливи материи кои го спречуваат високиот крвен притисок, кој е една од најголемите причинители за еректилна дисфункција (ЕД).
– Тиквите се богати со калиум, кој помага да се потисне штетното дејство на натриумот врз крвниот притисок – нагласува фармацевтот Абас Канани.
Повеќе од половина од мажите на возраст од 40 до 70 години страдаат од еректилна дисфункција, што го отежнува постигнувањето и одржувањето на ерекцијата.
Стресот, премногу алкохол и замор исто така повремено може да го предизвикаат овој проблем. Сепак, тоа може да биде знак за посериозни состојби ако се случува редовно, вклучително и висок крвен притисок.
Мажите со хипертензија имаат речиси двојно поголема веројатност да имаат ЕД, бидејќи тоа предизвикува послаб проток на крв во нивните интимни делови.
Калиумот помага во намалување на крвниот притисок, бидејќи ги намалува ефектите на натриумот, кој доаѓа од солта, во крвта.
Натриумот го зголемува крвниот притисок, но колку повеќе калиум јадете, толку повеќе натриум излачувате во урината. Сепак, консумирањето премногу калиум може да биде опасно за луѓето со бубрежна болест.
– Премногу калиум може да биде штетно за луѓето со бубрежни нарушувања. Како што бубрезите стануваат се помалку способни да го отстранат калиумот од вашата крв, може да се акумулира премногу калиум, вели Канани.
Националната здравствена служба советува да не се јаде повеќе од 3.500 mg калиум дневно.
Стандардна порција од коцки од тиква содржи околу 394 mg хранливи материи. Тиквата исто така помага во зајакнувањето на вашиот имунолошки систем, бидејќи содржи бета-каротен, кој вашето тело го претвора во витамин А и Ц, пренесува TheSun.
Тие помагаат да се подобри производството на бели крвни зрнца, заштитувајќи ве од болести и инфекции во текот на зимските месеци.
Претходните истражувања, објавени во Journal of Food Biochemistry, исто така покажаа дека јадењето семки од тиква помага да се подобрат нивоата на хемикалии во телото кои се поврзани со постигнување на ерекција.
Истражувачите тестирале стаорци за да видат како јадењето сирови и печени семки влијаело на нивото на азотен оксид во крвта. Хемикалијата помага во проширување на крвните садови, овозможувајќи повеќе крв да стигне до пенисот.
Тоа е клучен дел од тоа како функционира Виагра – лекот помага во стимулирање на ензимите, кои го зголемуваат производството на азотен оксид.
Стаорците на кои им биле давани семки од тиква имале повисоки нивоа на азотен оксид од оние на кои не им биле давани семки, со поголем ефект забележан кај оние на кои им била дадена печена сорта.
Д-р Шон Акомолафе, од Државниот универзитет Екити во Нигерија, рече:
– Оваа студија покажа дека печењето може да ја подобри антиоксидантната активност на семките од тиква и клучните ензими поврзани со еректилната функција. Значи, консумирањето печени семки од тиква може да биде покорисно, во споредба со суровите семки од тиква.