Ханс Јорген Михаел Селберг е медицински техничар од Шветска којшто на 4 август, преку европскиот механизам за цивилна заштита, пристигна во нашата земја со цел да им помогне на своите колеги при негата на пациентите заболени со коронавирус.
„Херои на македонскиот народ се здравствените работници. Тие се многу посветени и лојални. Мислам дека се одлични во својата работа. Со мене беа многу добри и полни со разбирање. Не заборавајте дека вирусот е сѐ уште присутен. Лесно е да се опуштиме и да заборавиме. Едноставно е. Мијте ги рацете, одржувајте физичка дистанца и секогаш носете средство за дезинфекција со вас“, вели медицинскиот техничар кој помагаше во Инфективната клиника.
.
