Свет

Медведев: Бескорисна е посетата на Макрон, Шолц и Драги на Киев

Медведев: Бескорисна е посетата на Макрон, Шолц и Драги на Киев

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев изјави дека посетата на Емануел Макрон, Олаф Шолц и Марио Драги на Киев е „бескорисна“.

Поранешниот руски претседател на Твитер напиша дека посетата на Макрон, Шолц и Драги „нема да ја приближи Украина до мирот“.

Претходно, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека се надева дека тројцата европски лидери при посетата на Киев нема да разговараат само за снабдување на Украина со оружје, туку оти ќе го „натераат претседателот на Украина, Зеленски реално да ги согледа работите“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни