Мексиканскката претседателка: Ќе одговориме на САД, почнуваме со план Б

Мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум нареди царини како одговор на одлуката на САД да воведат царини од 25 отсто за стоките што доаѓаат од Мексико, во услови на ескалација на трговската војна меѓу двете соседни земји.

Во подолг пост на X, Шејнбаум рече дека нејзината влада бара дијалог, а не конфронтација, со нејзините најважни трговски партнери на север, но дека Мексико е принудено да одговори на истиот начин.

„Воведуваме план Б“

„Ја упатив мојата секретарка за економија да го спроведе планот Б, на кој работиме, кој вклучува тарифни и нетарифни мерки за заштита на мексиканските интереси“, објави Шејнбаум, иако таа не кажа кои американски стоки има намера да ги таргетира нејзината влада.

Со децении, двете земји имаат развиено меѓусебна трговија, вклучително и високо интегрирана автомобилска индустрија, како и големи количини на сурова нафта, природен гас и моторни горива кои се движат во двете насоки.

Мексико исто така испраќа големи количини свежи производи на север, вклучувајќи авокадо и домати, додека американските фармери испраќаат големи количини пченка и други житарки во Мексико.

САД се убедливо најважниот странски пазар за Мексико, додека во 2023 година Мексико ја надмина Кина како главна дестинација за американски извоз.

Мексико се подготвува да воведе царини од 5 до 20 отсто за увоз на свинско месо, сирење, свежи производи и челик и алуминиум од САД. Автомобилската индустрија, барем во почетната фаза, би била поштедена.

Извозот на САД во Мексико во 2023 година изнесуваше повеќе од 322 милијарди долари, додека САД увезоа повеќе од 475 милијарди долари мексикански производи, покажуваат податоците.

Речиси една третина од БДП на Мексико директно зависи од извозот во САД, рече Габриела Силер, директорка за економска анализа во Grupo Financiero BASE.

„Со универзални царини од 25 отсто, се проценува дека мексиканскиот извоз би можел да падне за околу 12 отсто. Ова може да доведе до пад на БДП од 4 отсто во 2025 година, доколку тарифите останат на сила цела година“, рече Силер.

Шејнбаум, исто така, ги отфрли критиките од Белата куќа дека нарко картелите имаат сојуз со мексиканската влада, што администрацијата на Трамп го искористи за да ги оправда царините.

Трамп рече дека ги наметнува тарифите бидејќи Мексико не го спречува протокот на смртоносниот опиоид фентанил во САД.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното