Брајан Ворнер или попознат како Мерилин Менсон се изјасни како невин, откако беше обвинет за плукање на камерман на еден од неговите настапи.
Настанот, наводно, се случил во 2019 година кога Менсон му пришол на камерманот на концерт во Њу Хемпшир, го плукнал и си го исекнал носот кон него.
Овој пат, тој самиот и се предаде на полицијата.
Тој се соочува со казна од 2.000 долари и до една година затвор, доколку биде прогласен за виновен, а во меѓувреме, тој е обвинет и за неколку случаи на сексуална злоупотреба.
Следното рочиште е закажано за в четврток.
Ворнер претходно беше ослободен со кауција под услов да не изврши никакви кривични дела за време на ослободувањето, да нема контакт со наводната жртва и да се појави на сите судски рочишта. Претходно беше распишана и потерница по него.
