„Мерцедесот“ на Џорџ Харисон продаден за неверојатни 170.000 евра

Возилото марка „Мерцедес-Бенц 600“, што му припаѓал на англискиот музичар, пејач, текстописец, музички и филмски продуцент и гитарист на легендарните „Битлс“ – Џорџ Харисон, бил продаден вчера на аукција за неверојатни 145.000 фунти или 170.000 евра.

Автомобилот е произведен во месец септември во далечната 1963 година како еден од најпопуларните во историјата, и станал хит меѓу славните, државниците и политичарите ширум светот.

Се работи за наследник на моделот „300-Д Аденауер“ и е произведен во ограничен број примероци.

Некогаш ова се сметало за најскап и технолошки најнапреден модел на „Мерцедес“, а неговата големина, тежина и бројните хидраулични системи доведоа до развој на 6,3-литарскиот мотор „М-100 В-8“ со системот за вбризгување на гориво на „Бош“.

Моторот со 247 коњски сили развивал максимална брзина од 208 км/ч и е поврзан со четиристепенски автоматски менувач.

Внатрешноста на автомобилот содржи многу дрво, кожа и метал. Во Велика Британија во март годинава, му беше направена и реставрација.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното