Метео аларм за делови од Македонија: Нестабилно време и невреме во источните и јужните делови на земјата

УХМР издаде метео аларм за денеска, предупредувајќи на нестабилни временски услови особено во источниот и јужниот дел на земјата. Се очекуваат поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме, пороен дожд со количина над 15 литри на метар квадратен за кратко време, појава на грмежи и засилен ветер.

Нестабилноста ќе биде најизразена попладне и во доцните попладневни часови, со можност за локализирани невремиња кои може да предизвикаат проблеми во сообраќајот и на отворените површини.

Од Управата за хидрометеоролошки работи апелираат граѓаните да бидат внимателни, да ги следат временските прогнози и да избегнуваат движење во подрачја каде што е можен пороен дожд и невреме, особено покрај реки и на места со лоша дренажа.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното