Во петок под влијание на атмосферски фронт на повеќе места се очекуваат поројни врнежи од дожд. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследени со грмежи и со силен ветер (над 70 км/час).
Во сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето.
Од недела и во следните денови времето повторно ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а локално ќе бидат поројни, проследени со грмежи.
Во Скопската Котлина во петок претпладне ќе има пороен дожд со засилен ветер и услови за појава на грмежи. Во сабота се очекува претежно сончево време, а во недела и во следните неколку денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.