Денес попладне врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места и ќе бидат со послаб интензитет. Ќе дува умерен, а долж Повардарието попладне засилен ветер од северозападен правец.
Утре ќе преовладува променливо облачно и студено време со повремени слаби локални врнежи од дожд и снег во пониските места, а на повисоките места и на планините од слаб снег.
Утре ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.