Метеорологот ПОПОСКИ прогнозира: На летото му нема крај, не чекаат прекрасни септемвриски денови

До самиот крај од оваа недела ќе имаме сончево со умерена локална а повремено и позначителна облачност која може да услови локална појава на краткотраен дожд и услчови за грмежи а ваквата појава ќе биде претежно изолирана.

Сепак и покрај ова некоја позначителна промена на времето и позначителни врнежи нема засега да ја зафатат нашата држава па така и во текот на следната недела можна е само ретка појава на повремен локален краткотраен дожд а времето и натаму ќе биде сончево со мала до умерена облачност (повремено).

Што се одмнесува пак до температурите на воздухот и понатаму ќе бидат летни во текот на денот па ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени а пораст на истите можен е некаде од средината на следната недела кога можно е да достигнат надпросечна вредност и истите би можеле да се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени што би било и понатаму идеално за плажирање и уживање во летното време иако полека но сигурно влегуваме во длабокиот дел од септември и сме се поблиску до календарскиот почеток на есента.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ!

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното