Екс директорот на УБК, Сашо Мијалков денеска доби орден од Македонската православна црква – Охридска архиепископија.
Покрај него, орденот „Свети Николај“ беше доделен и за братот на Сашо, Владимир Мијалков.
Орденот им го додели Брегалничкиот митрополит Иларион за нивниот ктиторски придонес во изградбата на црквата „Свети великомаченик Димитриј“ во штипско Ново Село.
Црквата беше осветена во неделата, а истата е проект што браќата Мијалкови финансиски го поддржале во нивниот роден крај.