Минималната плата најверојатно ќе порасне за 2.000 денари, достигнувајќи 24.500 денари од мартовските плати.
Синдикатите неодамна побараа минималецот да се зголеми на 500 евра, повикувајќи се на зголемените животни трошоци. Како алтернативно решение, одредени бизнисмени предложија државата да ја покрива разликата во придонесите помеѓу 22.500 и 30.750 денари, но оваа идеја беше начелно отфрлена.
Според законот донесен пред неколку години, висината на минималната плата системски се усогласува секој март, врз основа на инфлацијата и други економски параметри. Последното зголемување беше во март 2024 година, кога минималната плата достигна 22.500 денари.
Очекувањата се дека конечната одлука за новата минимална плата ќе биде донесена наскоро.