Убава и долгоочекувана вест пристигна денес од Белград. По речиси 40 дена лекување во српската главна болница, петтемина млади повредени во трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани, се враќаат дома.
Мирче, Ефимија, Александра, Ангела и Надица, кои беа тешко повредени и итно префрлени на лекување во Србија, успешно ја завршија хоспитализацијата и денес ја напуштија болницата. Според лекарските тимови кои се грижеа за нив, пациентите се во стабилна состојба.
Помошта и солидарноста што се покажаа во најтешките моменти, сега добиваат најубаво можно продолжение – животот продолжува, со надеж и благодарност.
Повредените ќе останат симбол на храброст и надеж, а нивното закрепнување – потсетник за значењето на брзата реакција, медицинската грижа и човечката солидарност.
Во пожарот кој избувна во дискотеката „Пулс“ загинаа 62 лица, а над 150 беа повредени.