Мицкоски: Добро е што паднавме само два поени на индексот за корупцијата, очекував повеќе!

Премиерот Христијан Мицкоски, го коментираше најновиот рејтинг на „Транспаренси интернешенл“ за перцепцијата на корупцијата, на кој Македонија забележува уназадување за два поени.

„Логичен е тој извештај, и добро е што два затоа што мислев дека е повеќе после оние коруптивни скандали на минатата влада. Ако ги видите сите седум критериуми ќе видите дека се однесуваат на минатата влада. И тоа е добра основа од каде ќе можеме да ја подобруваме нашата позиција. Ќе ги задолжам и денеска на седница соодветниот министер јасно ги детектира слабостите кои се прилично јасно детектирани и тие работи да не ни се повторат. Нема да ни се повтори повеќе Соравија во центар на Скопје, измени на кривичен законик со злоупотреба на европско знаменце, нема да се повторат Бентли, Рол Ројс автомобили на нашите семејства, нема да ни се повторат наместени тендери, и сето тоа е нотирано, и за нас преставува добра основа да видиме дали ќе бидеме подбори“, изјави Мицкоски.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното