Мицкоски: Доколку се сретнам со Груевски ќе бидете информирани!

Во изјава за медиуми денеска премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање дали во Будимпешта имал средба со поранешниот премиер Никола Груевски тој одговори „не се сретнав, но доколку се сретнам ќе бидете информирани“.

-Не! Не се сретнав, но доколку се сретнам ќе бидете информирани затоа што јас водам политика на принцип под вистината е најточна. Така што верувајте секогаш кога нешто ќе се случи јас тоа го кажувам нема зашто да кријам бидејќи немам што да кријам совеста ми е секогаш чиста. Но исто така во име на таа вистина можам да кажам да потврдам а многу скоро и со докази дека голем дел од функционерите на поранешната владина коалиција СДСМ и ДУИ се среќавале во Будимпешта со господинот Никола Груевски, изјави Мицкоски.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното