Мицкоски го посети семејството на Иле Гоцевски, возач на Брзата помош кој почина

Премиерот Христијан Мицкоски денеска го посети семејството и сопругата на Иле Гоцевски, возач на Брзата помош кој почина.

„Денес го посетив семејството и сопругата на Иле Гоцевски – возачот на Брзата помош кој, со пожртвуваност што нема цена, цела ноќ им помагаше на повредените од трагедијата во Кочани.

Во време кога тагата не престанува, неговиот подвиг потсетува дека храброста и човечноста живеат во нашите луѓе. Тоа се нашите херои!

Иле замина тивко, но зад себе остави пример кој нема да го заборавиме.

Мојата почит и поклон за него. Почит и до сите што несебично им служат на граѓаните.

Вечна ти слава, Иле“, вели Мицкоски.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното